Самоубиство во Охрид – 54 годишен маж скокна од тераса

Вчера околу 13:30 часот во Охрид, улицата „Даме Груев“ самоубиство со скокање од тераса од сопствениот дом извршил Ване К. (54).

Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица-Охрид, а по наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.