Кривична пријава за стружанец кој нелегално градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против Г.А. (55) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Пријавениот во текот на декември 2015 година, на катастарска парцела во катастарска општина Струга, како закупец на деловен простор бурекџилница од времен карактер, поставил метална конструкција за настрешница без одобрение за градба. Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на градбата.