Откриен прекршок при контрола на компанија од Битола – имател на одобрение за царинска постапка

Врз основа на законските овластувања Службата за надзор на иматели на Одобренија при Царинарница Битола на 24, 25 и 26 февруари 2016 година изврши вонредна теренска контрола кај компанија од Битола – имател на одобрение за царинска постапка „увоз за облагородување со систем на одложено плаќање“, со цел утврдување на фактичката состојба во магацинот за репроматеријали.

При контролата на компанијата, која е во сопственост на правно лице од Хонг Конг, а управител лице од Република Грција, пронајдена е стока со непознат царински статус, која соодветствува на дејноста која ја извршува компанијата и која е формално раздолжена, а физички е присутна во магацините на компанијата. Се работи за 286,11 метри квадратни кожа од јагне, 1.273 метри квадратни постава, 15,1 килограми футер, 18,9 килограми крзно од ракун во парчиња, 1.445,25 килограми крзно од лисица во парчиња, 5 парчиња составени крзна од лисица и 16 употребувани машини за шиење.

Стоката со непознат царински статус е во вредност од 947.440,00 денари, а износот на избегнати царински и други давачки изнесува 278.924,00 денари. Против компанијата, како и одговорните лица во компанијата е поведена соодветна постапка.

IMG_20160226_114427  mid IMG_20160224_143424  mid