Вчера издадeни 210 потврди на државјани на Сирија и Ирак

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 29.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 210 странски државјани, од кои 76 од машки и 39 од женски пол, каaко и на 95 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 158 државјани на Сирија и на 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 29.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 87.840 странски државјани, од кои 34.806 се од машки пол, 19.180 се од женски и 33.639 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 215 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.253, Авганистан-26.546 и Ирак-18.038.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 29.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 29.02.2016 година, до Секторот за азил поднесени се четири барања за признавање на право на азил на државјани на Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.