Денеска во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“- економско училиште Охрид беа одржани 4 интерактивни работилници со 80 ученици од училиштето.
Целта на работилниците беше да се мотивираат младите да го видат потенцијалите на Македонија и можностите за себереализација и создавање бизниси во сопсвтената татковина. Иницијатор на активноста беше проф.Катерина Симјаноска, а истата беше реализирана со несебична поддршка од директорката Славица Костоска.
Оваа активност беше дел од поголем проект – „Младинска информираност “ која се реализираше во соработка со Националниот Младински Совет на Македонија преку програмата на УСАИД.
Поради покажаниот интерес во иднина се планирани уште повеќе работилници на оваа и на други теми од интерес на младите средношколци.