Министерот Спасовски заедно со своите гости премиерот на Република Словачка Роберт Фико и министерот за внатрешни работи на Република Словачка Роберт Калинак го посетија Прифатниот центар за мигранти “Винојуг“ во Гевгелија.
„Заради намалување на притисокот што го имаме на границата со Грција нашиот дневен пропуст на мигранти ќе зависи од тоа колку ќе бидат примени од земјите на ЕУ. За нас од исклучителна важност е да обезбедиме хуман третман и прием на овие луѓе, но не помалку важно е да ги заштитиме македонските полицајци и граѓани.
Во инцидентот пред два дена имавме еден повреден полицаец заради ненавременото информирање за протокот на мигрантите. Затоа апелирам меѓусебната соработка што ја имаме со земјите од регионот да биде во насока да имаме јасни и прецизни одлуки“, рече Спасовски.