„Убавицата и ѕверот“ во сабота репризно во Центарот за култура

Во Центарот за култура „Григор Прличев”- Охрид, охридскиот Народен театар, во сабота (5-ти март) ќе ја изведе театарската претстава за деца и младинци „Убавицата и ѕверот“ -од Шарл Перо, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ивица Цонев.

Претставата е со почеток во 12.00 часот, влезот чини 100 денари.

Собраните средства од продажбата на карти ќе бидат донирани за малиот Кирил Митрески !!!

Да ја покажеме својата хуманост, Да му помогнеме на малиот Кирил!