Средношколците од „Ванчо Питошески“ се вклучија во активностите за помош на малиот Кирил

На иницијатива на ученичката заедница и младинската организација, денес, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се организираа хуманитарна акција за прибирање средства за помош на малиот Кирил Митрески.

humanitarna_akcija_2016_4002

Учениците од ова училиште подготвија пирошки кои им беа понудени на вработените и учениците. Средствата кои се собраа од оваа хуманитарна акција ќе бидат уплатени на сметката за донации. Учениците му посакаа побрзо оздравување и среќно детство.

humanitarna_akcija_2016_400