Во Струга, вчера, советниците од Советот на општина Охрид, Јадранка Василеска – Здравеска и Љупчо Настоски, учествуваа на работилница за облиците за вмрежување на општинските советници.
Работилницата се спроведува како проект на Швајцарската Агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ спроведуван од страна на УНДП во соработка ЗФР.
Целта на оваа работилница е размена на мислења за облиците на вмрежување на општинските советници и конечниот предлог на Програмата за развој на капацитетите на општинските советници и да се направат консултации за подобрување на секојдневното функционирање на советите преку примена на иновативни методи и техники.