Жителите на Велмеј бараат ЈПК Дебрца навремено да го подигнува отпадот

Преполни контејнери и ѓубре кое го разнесле на сите страни селските кучиња е слика која ќе ја видите во с.Велмеј последниве две недели, велат револтирани жители на с.Велмеј во допис испратен до нашата редакција.

image-ee8e8c76b162ea16841893ffc5229cce95ea50084e074bd05f37e4fcbc62cf71-V

„Јавното комунално претпријатие изгледа заборавило која е неговата основна должност, да не се собира отпадот во селото речиси стана пракса. Сметките доаѓаат редовно, тоа не го забораваат. Плаќаме услуга за собирање на отпад, а таа услуга ја вршите нередовно, а ако ние нашата обврска за плаќање на сметката не ја извршиме навремено следува присилна наплата“. – додаваат револтираните жителите на Велмеј.

image-ad610a6d85ea174f9957804793a25fe317df346798cb12357dc964415a8ae2f8-V