Овој четврток, 10 март, со почеток во 17:00 часот во NOA Lounge Bar ќе се одржи двочасовна работилница со Френк Нојригат, ко-основач на светскиот Стартап Викенд и член на бордот на директори на Up Global. Работилницата во Охрид е овозможена преку Girls in Tech Macedonia и организацијата на Codefest, па овој настан ќе опфати и инфо сесија за претстојниот Codefest кој по 4ти пат овој април ќе се одржи во Охрид.
Нојригат во Македонија доаѓа од Њујорк преку SECO програмата за претприемништво на Swiss Contact, за да работи со локалните стартап и бизнис екосистеми, и е подготвен да се запознае со млади луѓе со идеи, како и со оние кои веќе имаат свој бизнис или се дел од таков. Во текот на оваа бесплатна работилница присутните ќе можат директно да дискутираат со Нојригат за своите идеи и да добијат по некој совет.
Агендата за настанот вклучува:
CODEFEST 2016 MEETUP – инфо сесија и дискусија со заинтересирани учесници, со можност за споделување и разгледување на идеи за Codefest Маратонот како и дополнителни информации за заинтересираните за учество на конференцијата или бизнис експо-то.
СТАРТАП РАБОТИЛНИЦА со Френк Нојригат, која ќе вклучи:
– Научени лекции од Startup weekend / Up global / Startup Americа;
– Преглед на моменталната слика за тоа како да се започне и да се поддржи стартап, што ви е потребно за да развивате успешен стартап и предвидувања за неговата иднина и можните ризици;
– Интерактивна работилница – што можеме да смениме како заедница и како да го подобриме стартап екосистемот во Охрид и регионот.
Во пресрет на истекот на рокот за аплицирање за учество на Codefest Marathon 2016 кој трае до 15ти март, работилницата е одлична можност да ги дискутирате и развиете своите идеи и да добиете вредни совети. Покрај ова, доколку веќе развивате каков и да е бизнис или работите самостојно, ова е шанса да научите како да ја зајакнете вашата позиција и како да бидете активен дел од стартап заедницата.
Настанот е отворен за сите заинтересирани посетители, а Codefest и Girls in Tech Macedonia ги покануваат сите да го посетат настанот. Повеќе информации за истиот можат да се најдат на линкот: https://www.facebook.com/events/1676074402664779/.