На 5ти март годинава Охридската Гимназија „Св.Климент Охридски“ беше домаќин на прелиминарната рунда натпревари HIPPO, организиран од страна на Global Input & Global Hippo Association.
„HIPPO е натпревар по знаење на англиски јазик во различни категории според возраста на учесниците, а годинава од Гимназијата учествуваа триесетина талентирани ученици.“- велат од училиштето.
Најдобро рангираните ќе го продолжат натпреварувањето на 2ри април во Скопје, а финалниот натпревар ќе се одржи на 14ти и 15ти мај во Лидо ди Јесоло, Италија.
„Охридската гимназија веќе била финалист на ова престижно натпреварување пред две години, кога Мартин Мурговски се пласира во најдобрите 15 учесници во конкуренција од натпреварувачи од Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Црна Гора, Србија и Словенија.“– велат од гимназијата.
„Global HIPPO“ е доброволно и непрофитно здружение кое преку организирање на вакви натпревари ја подигнува јазичната свест и значењето на изучувањето на странските јазици.