Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“ и две „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против против следниве 6 лица од Битола меѓу кои и еден малолетник: С.М. (32), Х.М.,С.Р., Ф.А. (33), Р.Ш. (31), и А.Џ.(31).
Кривичните дела, пријавените ги извршиле во периодот од септември 2015 до февруари 2016 година во фабриките „Макител“ во Ново село општина Дебарца како и во фабриките „РЦ Филтри“ и „АМАК –СП“ во Охрид. Една тешка кражба сториле и во поранешниот ресторант „Св. Еразмо“.
Во извршувањето на кражбите и тешките кражби, пријавената шестчлена група од Битола користела подесен алат, провалувале со кревање на ролетни од прозорците и со бонсек сечеле кабли. Притоа одзеле 500 килограми бакарна жица, 20 метри електричен кабел и бакарни плочи од електромотори.
Една кражба извршиле и од градилиште на новиот автопат Охрид –Кичево кај селото Арбиново кога во згодна прилика одзеле метални шипки и жица.
Од извршените кривични дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 369 000,оо денари.