Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес во изјава за медиумите истакна:
„Навистина ми е задоволство денеска заедно со претставникот на пратеничката група на СПД во германскиот Бундестаг, да зборуваме за македонската иднина во Европската Унија и нашите политики како Македонија да се врати на мапата на Европа.
Овие 10 години, се загубени години за нашата европска перпектива и за нашето членство во ЕУ.
Меѓутоа тоа време е зад нас, имаме политика, имаме план, имаме јасна програма, како Македонија повторно да ја вратиме на европската мапа. И како Македонија да не се гледа само низ призмата на бегалската криза, нешто што за жал ни се случува сега, туку како на земја којашто заслужува да биде членка на ЕУ.
Во 2005 година, 3 години по нашиот голем проблем, а тоа беше внатрешната криза од 2001 година, успеавме во нашите заеднички напори, како граѓани на Република Македонија, да ја направиме нашата држава земја кандидат.
Сега ќе имаме повторно обврска да ја вратиме Македонија во европскиот процес, да ги почнеме преговорите и успешно да го реализираме нашиот стратешки приоритет што сите не поврзува, а тоа е Македонија да стане членка на ЕУ.
Задоволство ми е што повторно во овој процес ќе добиеме силна поддржка, како граѓани на Македонија, од страна на социјалдемократите во Германија. Коишто со својот од неодамна подготвен документ велат дека местото на Македонија, како дел од Западниот Балкан е во Европа.
Предвидуваат и серија на мерки и на поддржка со која ќе и помогнат и на Македонија да го направи овој поеквалитантен скок. Во документот, за којшто дискутиравме и ќе дискутираме, се содржат силни пораки на поддржка на внатрешните реформи, на враќање на демократијата, на обезбедување на независно сутство и вистинска борба против корупцијата.
Но исто така и економска поддржка, голем инфраструктурен поттик за развој на големите проекти, и во Балканот, и во Република Македонија, и голем акцент на младите и на создавањето на нови работни места.
Затоа ќе ни биде задоволство да ја продолжиме оваа поддржка и затоа цениме што колегите од германскиот Бундестаг, покажаа дека Македонија се уште е на мапата, и се уште има луѓе, политичари и политички партии коишто се спремни да се борат за Западниот Балкан и за Република Македонија.“- изјави Шекеринска.