Средба на министерот Спасовски со Шефот на делегацијата на Обединетото Кралство во ОБСЕ Сијан Меклеод

Денес во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа состанок меѓу Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Амбасадорот – Шеф на делегацијата на Обединетото Кралство во ОБСЕ Сијан Меклеод и Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Герет.

Министерот Спасовски меѓусебната соработка ја оцени како исклучително важна, искажувајќи благодарност за ангажманот на ОБСЕ, илустрирајќи ја со неколку особено важни досега спроведени заеднички проекти. Министерот Спасовски ја нагласи својата убеденост во успешно продолжување на соработката, особено за натамошна поддршка на јакнењето на независноста и демократизација на институциите. Амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија г. Чарлс Едмунд Герет, изрази интерес за ставовите на Министерот околу подготовките за изборниот процес, времето кое е потребно да се отстранат неправилностите во Избирачкиот список, а побара и мислење во однос на безбедносната состојба по случувањата во скопската општина Бутел. Амбасадорот беше запознаен дека министерството ја дава сета помош и поддршка на Државната изборна комисија околу подготовките на изборниот процес. Министерот Спасовски рече дека ќе биде сторено се за да се одржат фер и демократски избори