Во сабота „Детектор за лаги“ во Центарот за култура

Хит претставата „Детектор за лаги“, во сабота (12-ти март) повторно на репертоар во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид. Билетите се во продажба на билетарата на Центарот по цена од 150 денари.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.