Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016 се издадени 263 одобренија за градење што е за 11.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 108 575 илјади денари што е за 97.0% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 155 (58.9%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (16.0%) за објекти од нискоградба и 66 (25.1%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 263 објекти, на 151 (57.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 112 (42.6%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 319 станови со вкупна корисна површина од 26 165 м2.