Реализиран проектот „Кривично дело криумчарење мигранти“

Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија,Оддел за гранични работи и миграции во соработка со Регионалените центри за Гранични работи и Одделението за превенција во СВР на РМ организираа заедничка активност од областа на превенцијата на тема:„ Превенција на кривично дело Криумчарење мигранти“ –

Проектот има превентивен и едукативен карактер, со цел зголемување на безбедноста и ефикасна имплементација на одлуката за прифат и транзит низ Република Македонија само на мигранти кои потекнуваат од држави зафатени со воени конфликти и недозволен влез на мигранти од останатите држави.

Од страна на РЦ за ГР Север ,Исток Југ и Запад во соработка со СВР на РМ во текот на изминатиот месец одржаа 10 (десет) трибини со целната група -претставниците на регистрирани такси превозници и превозниците што вршат јавен превоз на патници на кои истите беа запознати со одредбите од Законот за азил но и со одредбите од кривичниот законик за КД криумчарење мигранти,

На одржаните трибини покрај полициските службеници од полициските станици и гранична полиција присуствуваа и државни инспектори за транспорт и врски и истите имаа цел да ја подигнат јавната свест кај јавните превозници, но и кај граѓаните за опасностите од овој вид на криминал, како и подобрување на нивните способности и поблиско запознавање со начините и методите на делување на мигрантите и криумчарите.

Посебен акцент на трибините беше ставен на потребата од превенција на појавните облици на овој вид криминал и интензивирање на меѓусебната соработка за ефикасно сузбивање на криумчарењето мигранти и доследно спроведување на овластувањата на полициските службеници.