Денес по повод Светскиот ден на бубрежните болести, во просториите на ОСУ Св. Климент Охридски од страна на др. Горан Балевски се одржа предавање на тема: „Децата и бубрежните болести – Дејствувај навреме за да ги спречиш!“.
На предавањето присуствуваа голем број ученици, професори и претставници од локалните медиуми.
Преку многу интересно предавање од страна на др. Горан Балев учениците беа запознаени за значењето на бубрежните болести, на нивно спречување, рано откривање, превенција и соодветен третман.
Учениците беа запознаени со изгледот, функцијата, градбата и значењето на бубрезите. Особено беше потенцирано можното заболување на бубрезите, раното дијагностицирање (тешко е препознатливо во раната фаза), начини на лечење и можности за хируршки интервенции и последици од заболувањата.
Со ова предавање беше зголемена свеста кај учениците за неопходноста од трансплантација на бубрег при одреден стадиум на заболување, а со самото тоа и неопходност од зголемување на бројот на доброволни донатори на органи.
За да се заштитат овие витални органи кај младата популација беа поделени флаери со потенцирани 8 златни правила за спречување на заболувањата:
– Бидете активни и вежбајте!
– Јади здрава храна! Внимавајте на внесот на шеќери во организмот!
– Контролирајте го крвниот притисок!
– Хранете се здраво и контролирајте ја телесната тежина!
– Пијте доволно вода!
– Не пушете цигари!
– Не земајте лекови на своја рака!
– Секогаш консултирајте се со Вашиот лекар!
Здружението на бубрежни болни граѓани НЕФРОН преку свои активисти обезбеди пригодни репрезентативни материјали за активноста.