Во Охрид ќе се одржи едукативна трибина за алтернативните форми на мобилност. На трибината ќе се дискутира за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност (велосипедите, ролерите, пешачењето и сл.), можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Додатно, тема ќе биде и како најдобро да се заштитиме себеси и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, а ќе биде направен пресек и на состојбите во сообраќајот во Охрид во периодот од 2010 година до сега.
Едукативната трибина е во организација на Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Поканети се сите кои што сакаат да ги слушнат излагањата исполнети со практични примери и корисни совети на: Љупчо Ставревски – претставник на РСБСП, проф. д-р Никола Крстановски – Професор на технички факултет во Битола и м-р Стефан Димоски – претседател на ОСБСП Охрид и портпарол на СВР Охрид.
Трибината ќе се одржи утре (11 март) во големата сала на Советот на Општина Охрид, со почеток од 18:00 часот.