Во сабота трибина за аутизам во Охрид

„Аутизмот и неговите предизвици во нашето општество“ ќе биде тема на трибината за аутизам што во сабота (12-ти март) ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

Целта на настанот е да се направи нешто, да се поттикне отворањето на центри за децата со аутизам.

На средбата покрај пригодното обраќање на претставник од општина Охрид свое предавање ќе има проф. д-р Владимир Трајковски од Институтот за дефектологија на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а претседател на Македонското научно здружение за аутизам, доктор Сашо Василевски, како и родител, кој има дете со аутизам. Модератор ќе биде Александра Апостолова, дефектолог во Општа Болница –Охрид. Најавено е присуство на стручни лица, доктори, дефектолози, психолози, педијатри, како и родители чии деца имаат аутизам.

По Штип, Охрид е втората општина, што пројавила интерес за одржување на трибина од ваков вид.