Министерството за образование и наука, вчера објави Јавен повик за пријавување за патување за најдобрите студенти од првите три најдобро рангирани високообразовни установи во Република Македонија.Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми апелираше до студентите што ги исполнуваат условите, да ги достават потребните документи во МОН. Стимулативната мерка „Патување за најдобрите студенти“, важи за најдобрите студенти од трите најдоброрангирани универзитети во Македонија – „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоситочна Европа-Тетово и Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, рече Адеми.
„Од податоците кои ги добивме од овие универзитети, се работи за вкупно 201 студент, од кои 144 од УКИМ, 32 од Универзитетот на ЈИЕ и 25 од Штипскиот универзитет. Критериумот е студентите да имаат просек најмалку 9.5. Околу 65 илјади евра се обезбедени за овој проект. Дестинациите се Венеција, Париз и Барселона, а периодот на реализација е од мај до ноември. Доколку се пријават за патување, тоа мора да го реализираат. Во спротивно, ќе треба да ги вратат парите кои се потрошени за патувањето. Ги повикувам сите студенти кои се на листите на овие универзитети да ги поднесат потребните документи од јавниот повик до Министерството за образование и наука“, рече Адеми.
Линк до повикот http://mon.gov.mk/index.php/konkursi/1141-javen-povik-za-patuvanje-konkurs