Младинците на РК Охрид попладнево ги совладаа своите врсници од РК Вардар со резултат 28:27.
Во Спортската сала „Билјанини Извори“, во мошне неизвесен натпревар надежите на РК Охрид успеаа да забележат минимална победа во првиот натпревар од пролетниот дел од младинската ракометна лига на Македонија.