Одличен старт на натпреварувачката сезона за младите стрелци од СК „Охрид“

Вчера на стрелиштето во Штип се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кој учествуваа 40-тина стрелци од повеќе градови во Македонија, во дисциплина возд. пушка и пиштол, во јуниорска и сениорска категорија.

Младата јуниорка, Мартина Петровска од СК „Охрид“, ги совлада двете потенцијални олимписки кадидатки Ана Иваноска и Нина Балабан со резултат од 387 ( цели кругови) и со тоа покажа дека наградата најперспективен млад спортист за 2015 год. на град Охрид, заслужено припадна во нејзини раце.

„Нејзиниот стрелачки потенцијал, смиренст и посветеност на тренинзите ветува многу, па ако надлежните во Федерацијата имаат доблест да си ги надминат предрасудите, и престанат да вршат опструкции на стрелци од нашиот клуб, тогаш таа сигурно е новиот член на репрезентацијата и учесник на претстојните светски Купови. На третата позиција во јуниорска категорија се пласира Јана Маркоска со резултат од 368 кругови, а најголемо изненадување на овај Куп ни приреди младата Мартина Кочовска,која има само 13 год. а која во категорија на јуниорки се пласира на четвтата позиција со одличен резултат од 363 круга. По неа на шестата позиција се пласира Стефани Ефтимовска, на седмата Луана Поповски, а на претпоследната Милеска Симеона, која по пауза од 6 месеци, повторно се враќа на стрелачкиот терен.“ – информираат од СК „Охрид“.

Во категорија на сениорки на третата позиција се пласира Верица Гоџоска, додека пак кај јуниорите најдобро пласиран беше Васко Попоски на третата позиција, а зад него Матин Гоџоски на четвртата позиција.