Утре е последен ден за поднесување на годишна даночна пријава

Утре/15 март е последен ден за поднесување на Годишните даночни пријава за остварени приходи на граѓаните во изминатата 2015 година!

До 14.03.2016 година поднесени се вкупно 316 756 Годишни даночни пријави, од кои 1 530 се поднесени по електронски пат преку системот е-Даноци. Најголем број на даночни пријави се поднесени во Контакт центарот на УЈП и тоа 77 866. Во останатите даночни канцеларии по градови, бројот на поднесени ГДП е следен:

GDP_14.03.2016

За да се избегнат метежите, од УЈП препорачуваат, граѓаните кои се регистрирани корисници на е-Даноци своите пријави да ги поднесат по електронски пат.

Истовремено, потсетуваат дека работното време на даночните канцеларии на УЈП е од 08:30 до 18:00 часот, додека работното време на Контакт центарот на УЈП е од 09:00 до 20:00 часот.

За најчесто поставуваните прашања и повеќе информации во врска со Зошто, Кој, Кога, Каде и Како се пријавуваат приходите види:

– Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ која може да се преземе од веб страницата на УЈП (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2).

– Соопштение од 21.01.2016 „Граѓани – Во тек е поднесување на годишната даночна пријава и пријавување на приходи во УЈП“ (види линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/544).