Конкурс за доделување стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Хрватска за академската 2016/2017

Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 23 февруари 2015 година во Скопје, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува

КОНКУРС

за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Република Хрватска за академската 2016/2017 година

1. Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература,

2. До осум (8) месеци стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци.

3. Две (2) стипендии за летниот курс по хрватски јазик и литература во рамки на Загребската славистичка школа.

Потребна документација за пријавување:

За точка број 1 потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2. Фотографија од лична карта, поставена на образецот за пријавување;

3. Фотокопија од пасош;

4. CV, (Во Европски формат);

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5. Препис од двата последни завршени семестри во домашната институција (копија од додипломски/дипломски студии, (копија од BA/BSc програми);

6. Мотивациско посмо;

7. Препорака од соодветна домашна институција, зaверена и потпишана од одговорното лице;

8. Потврда за редовен студент;

9. Здравствена потврда.

За точка број 2 потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; ( пополнетиот Образец, потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2. Фотографија од лична карта, поставена на Образецот за пријавување;

3. Фотокопија од пасош;

4. CV, (Во Европски формат);

http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

5. Листа на публикации;

6. Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот, заедно со придружен соодветен документ од партнерот;

7. Прецизен и детален план за работа – максимум две страни;

8. Сертификат за владеење на Хрватски јазик – освен ако е договорено предложената програма да е на дру јазик. (Да е приложено во писмото за покана);

9. Две препораки од компетентни професори/експерти од областа на истражувањето;

10. Писмо за покана од страна на институција во Хрватска;

11. Здравствена потврда.

За точка број 3 потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронскаформа) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2. Фотографија од лична карта поставена на образецот за пријавување;

3. Фотокопија од пасош;

4. CV, (Во Европски формат)

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5. Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот;

6. Мотивациско писмо;

7. Писмо за препорака;

8. Доказ за владеење на хрватски јазик.

Напомена: Образецот за пријавување кој е составен дел на овој Конкурс, освен во електронска форма, потребно е пополнет да го испечатите и да го доставите во три примероци во хартиена форма, заедно со потребната документација

Наведените документи потребно е во три примероци да се достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 8 Април, 2016 година.

Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска.