Муамер Доко реизбран за директор на ОУ „Братство-Единство“ Охрид

Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, сегашниот директор на ОУ „Братство- Единство“ Охрид, Муамер Доко, повторно е реизбран за директор на ова училиште. Ова е втор негов мандат, за кој вели како и досега ќе настојува да ја подобри воспитно образовната работа во училиштето.

„Раководејќи се од своите менаџерски способности и лидерски вештини, но со ставање акцент на тимската работа во која ќе ги вклучувам сите субјекти во училиштето, ќе настојувам да го подигнам и подобрам квалитетот на целокупниот воспитно образовен процес според насоките и целите од МОН, БРО како и Секторот за образование при локалната самоуправа, како и негување и развивање на позитивната клима за работа на нашето Модел училиште.“– вели директорот Доко.

Во изјавата за WebOhrid, тој истакна дека ќе продолжи со афирмација на училиштето низ остварување на предвидените приоритети на училишната политика.

„Реализацијата на истото ќе се одвива со учество освен на мојот менаџерски тим и со целосно вклучување на наставниците, учениците, во соработка со родителите и заинтересираните чинители од општествената заедница.

– преку апликација и поддршка на реализација на добиени и нови проекти

– преку овозможување обуки за стручно усовршување на наставниот кадар

– изнаоѓање на разновидни извори на финансирање во училиштето ( донации, спонзорства) за подобрување на условите за работа како и збогатување на нагледните средства за непречено изведување на воспитно образовната работа.“– додава директорот Доко.

Функцијата директор во оваа образовна институција, тој успешно ја извршува од 2011 година.

MuamerDoko1

WebOhrid