СДСМ: Бараме од надлежните да објаснат со каков квалитет е водата за пиење во Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Информациите дека водата од водоводите во повеќе села во општина Дебрца, а особено од водоводите со кои стопанисува Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ – Белчишта е неисправна за пиење, покажаа дека раководните структури во Јавното претпријатие воопшто не водат грижа за здравјето на своите граѓани, a до кои секој месец испорачуваат сметки за наплата.

Поради тоа, од надлежните бараме во најкраток можен рок да објаснат со каков квалитет е водата за пиење.

Недозволиво е во 21 век граѓаните да не можат да користат исправна вода за пиење од јавниот водоснабдителен систем.“ – се вели во соопштението од ОО на СДСМ Дебрца.