Свечено ќе се одбележи патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Годинава се навршуваат 140 години од постоењето и работењето на првото основно учииште во Велгошти. По тој повод, со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти, ќе го прослават патрониот празник на училиштето.

Свечената прослава ќе се одржи во четврток (17-ти март), со почеток во 18:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

WebOhrid