Поставена заштитна ограда пред ОУ „Христо Узунов“

По реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ денес е поставена заштитна ограда пред ОУ„Христо Узунов“, која е важна за безбедноста на учениците.

GE DIGITAL CAMERA

„Во заедничка соработка, училиштето и ЈП „Градски Пазар“ ја поставија оградата која е од голема важност за безбедно поминување на тротоарот пред училиште при доаѓање и заминување на учениците.“– вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

GE DIGITAL CAMERA