Општина: Луѓето не забораваат и добро знаат кога и кој некогаш им вршел притисоци

Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои:

Дефинитивно Општинската Организација на СДСМ е застаната во времето и континуирано неколку дена ја замајува јавноста со неточни, непотврдени и шпекулативни изјави кои единствено се својствени само за нив и нивното владеење во Охрид.

Почитувани господа од СДСМ, многупати досега сме ви кажале дека ние во секој поглед од партиципирањето на власта во Локалната Самоуправа се разликуваме од Вас. Тоа е така и може да се види дури и во вклучувањето на локалната администрација и вработените во јавните претпријатија во партиски собири или митинзи. Вработените во рамки на општина Охрид повеќе не чувствуваат страв кога се приближуваат избори од можноста некој да ги присили да одат по партиски митинзи.

Ослободувањето од стравот на општинската администрација за нас е голем успех и значајна придобивка за градот Охрид.

Луѓето не забораваат и добро знаат кога и кој некогаш им вршел притисоци и дали денес некој ги присилува на нешто.

Времето е најдобар судија за овие состојби и тоа секогаш ја одвојува вистината од лагата.“- се вели во реакцијата.