Намален бројот на ученици во основните и средни училишта

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2014/2015 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188 361 што претставува намалување за 1.1% во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2014/2015 година изнесува 81 788 што претставува намалување за 3.6% во однос на претходната учебна година.