Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 4,43 %.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 07.03.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 07.03.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 33,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,139 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.03.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 16,837 ден/кг.