По повод 21 март – Денот на еколошка акција на младите на РМ, како и Светскиот ден на поезијата, ОУТУ „Ванчо Питошески“ организира низа активности за учениците и вработените: расчистување на дворот околу училиштето, уредување на училниците и кабинетите, засадување садници, читање ученички трудови на учениците од литературната секција на теми поврзани со екологијата, со што симболично беше означен почетокот на пролетта.
Сите овие активности имаа за цел поттикнување еколошка и естетска свест кај младите.