Гимназијата „Св.Климент Охридски“ победник на Општинскиот натпревар во ракомет

Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, се одржа општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта.

Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух.

Спортската сала „Тодор Александров“ се почесто се користи за поддршка на спортските активности во Охрид и јакнењето на спортскиот дух кај младите.

Победник на натпреварот е ОСУ „Св.Климент Охридски“, кој во финалето го совлада ОУТУ „Ванчо Питошески“ со резултат 19:14.

Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ ќе учествува на регионалниот натпревар во ракомет кој ќе се одржи на 6-ти април (среда) во Неготино.

Инаку, натпреварот се одржува трета година по ред, во организација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти.

WebOhrid