Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека во согласност со Законот за празници, 28ми март, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.