Координарот на пратеничката група на СДСМ Скопје,Горан Сугарески, во изјава за медиумите истакна:
„Светот и Република Македонија се соочува со сериозни предизвици: глобален тероризам, неовластено прислушкување, производство и трговија со дрога, корупција, злосторничко здружување и сл.
Република Македонија не смее да испрати порака дека ќе има милост за сторителите на овие најтешки дела кои се сериозна закана за современиот свет.
Срамната одлука на Уставниот суд за укинување на делови од Законот за помилување создава правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела како што се: терористи, педофили, наркодилери, фалсификатори на избори, криминалци од врвот на власта.
Срамната одлука на Уставниот суд воедно е и признание на изборниот грабеж и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
За да го спасат Груевски и фамилијата, партиските послушници од Уставниот суд на Иванов, му дадоа можност да помилува за изборни измами, тероризам, дрога и педофилија, што е директен удар врз уставниот поредок на Република Македонија.
Криминална банда на ВМРО-ДПМНЕ не може да се спаси од одговорноста за целокупниот криминал со којшто не само што ги краделе парите на граѓаните, го краделе и гласот на граѓаните. Тоа треба да им биде јасно на сите. Секој што го прекрши законот ќе одговара.
Денеска, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог Закон за дополнување на Законот за помилување.
Со овој предлог Законот ја пополнуваме правната празнина која ја создаде Уставниот суд и предвидуваме правила кои ќе ги обесхрабри терористите и другите потенцијални сторители на кривични дела. Исто така оневозможуваме едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела.
Воедно, злосторничкото здружение од врвот на ВМРО-ДПМНЕ мора да одговара и ќе одговара.
Се надевам дека колегите од ВРМО-ДПМНЕ и ДУИ ќе го поддржат законот. Секоја спротивна одлука е нивно директно признавање на криминалите на власта.“- рече Сугарески.