Делегација од Бурса, Република Турција предводена од заменик градоначалникот Абдула Карадач денес беше во посета на Општина Охрид. Турските гости остварија средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, на која беа разгледани можностите за соработка меѓу Охрид и Бурса.
Пред претставниците на локалната власт од овој индустриски град, беа презентирани можностите и условите за поголемо присуство на турските туристи во Охрид.
Гостите од Бурса изразија подготвеност да учествуваат со своја донација во проектот за партерно уредување на муслиманските гробишта.