Младински Совет Охрид, утре, со почеток во 12.00 часот, во „Култура 365“ ќе ја одбележи годишнината од доделувањето на ловоровиот венец на Григор Прличев.
На настанот свое обраќање ќе имаат Охридските автори Смиле Наумоски и Тоде Илиески. Стихови од „Сердарот“ ќе рецитира Арифа Малоска, минатогодишна победничка на општинаскиот натпревар за рецитирање и оратортво под менторство на Јованка Љаткоска, а ќе бидат доделени и наградите на најдобрите на литературниот и ликовниот конкурс „Охрид, Прличев и јас“.