Помалку ученици во основното и средното образование

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2015/2016 година
бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 992 што претставува намалување за 3.2% во однос на претходната учебна година.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2015/216 година, изнесува 80 295 што претставува намалување за 3.9% во однос на претходната учебна година.