Денес во центарот за обука е спроведена една показна вежба во рамките на проектот за развој на полицијата, веднаш после усвојувањето на стратегијата.
„Проектот е финансиран од Европската унија и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Европската унија и на преставниците на ЕУ коишто вложуваат и заедно со нас ги прават сите напори за развој на полицијата во Република Македонија.
Овој проект мора да продолжи заради тоа што сите професионални кадри во Министерството за внатрешни работи се длабоко свесни за важноста на ваквите проекти и развојот на полициското работење. Затоа што тоа пред се значи зголемување на интегритетот, ефикасноста и доближување на полицијата до граѓаните на Република Македонија, а од друга страна имаме градење на доверба на граѓаните кон македонската полиција.
Во таа смисла, цврсто стојам во подршка на овој проект и сите можни субјективни или објективни пречки коишто стојат на патот на спроведувањето на сите понатамошни обуки ќе направам се да можеме да ги реализираме до крај и да ја остваруваме стратегијата за којашто вложивме многу средства, многу енергија.
Навистина е многу потребно таа стратегија да ја реализираме до крај за да ја постигнеме целта, да имаме полиција којашто ќе работи по европските вредности, полиција којашто ќе служи на интересите на граѓаните на Република Македонија и на крајот на краиштата да имаме задоволни граѓани.“– истакна Спасовски.