Членови на ЛК Охрид го посетија Дневниот центар „Зраци“

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21- ви март, дел од ченовите на ЛК Охрид го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Зраци”.

„Мисијата на клубот е во рамките на своите можности да го подобри квалитетот на живот, да овозможи подолема социјалцизација и еднаквост на овие лица и да ја подигне свесноста на општеството за потенцијалот кој го имаат луѓето со Даунов синдром.“- велат од ЛК Охрид.

Како и до сега така и во иднина ЛК Охрид ќе продолжи да обезбедува поддршка и помош за ралнивите групи на граѓани во Охрид.

WebOhrid