Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 22.9% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 41.6%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 34.0%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млекото и рибата, а намалување е забележано кај: зеленчукот, алкохолните пијалаци, живината и јајцата и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во првите два месеца, додека во третиот месец е забележано опаѓање.