Теренските посети на Никола Груески и редовните средби со жителите на општините ширум државата, го покажуваат огромниот интерес на граѓаните за проектот „Купи куќа за млади“.
Со проектот „Купи куќа“ под исклучително поволни услови се овозможува младите до 35 години да си го решат стамбеното прашање и да дојдат до свој дом, до своја куќа. Овој проект е надграден со дополнителна иницијатива која ја поведе Никола Груевски, општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да понудат парцели за изградба на типски населби, со најмалку или повеќе од сто куќи, каде младите ќе може преку проектот купи куќа да дојдат до свој дом.
Условите ќе важат подеднакво за сите општини, но иницијативата која ја даде Груевски пред градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ пред два месеци наоѓа на одличен одзив и обезбедување на многу локации.
„Да бидеме брзи и ефикасни. Секако услугите кои ќе ги дава Владата, министерите, Град Скопје ќе важат за сите и за вас градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, но и за сите останати градоначалници од други политички партии, на нив ќе биде дали ќе ги искористат. На крајот на состанокот ќе барам од вас да излезе со рокови во кои ќе може да обезбеди одреден број на локации на кои што граѓаните, младите до 35 години кои што ги исполнуваат условите ќе можат да обезбедат локација за инвестирање во сопствена куќа согласно условите на Законот, кој неодамна Владата го предложи, а Парламентот го усвои“, истакна Груевски.
Информациите говорат дека досега 48 различни општини раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле над 7 600 парцели, но се очекува овој број и понатаму да расте.
Редовните прашања при теренските посети на Груевски на тема Купи куќа за млади го потврдуваат огромниот интерес.
Општината Штип планира околу 1000 парцели за купи куќа за млади.
Околу 1000 парцели за куќи по почетна цена од само едно евро ќе обезбеди и скопската општина Илинден. Тоа беше потврдено при неодамншената посета на Груевски при оваа општина.
И општината Ѓорче Петров ќе обезбеди парцели наменети за куќи за млади.
Беше донесен заклучок државата односно Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги покрива трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат на општините во зависност на бројноста со жители на општината.