Проект „Превенција од пороци“ на охридската полиција

„Живеј здраво, живеј безбедно“ е мотото под кое СВР Охрид преку оделението за превенција ќе отпочне со реализација на проектот „Превенција од пороци“.

Со проектот се планира преку пауер поинт презентација и низ интерактивен пристап, во охридските основни училишта да се одржат низа едукативни работилници на тема недозволена трговија со дрога.

Проектот кој има превентивен карактер, отпочнува денес со предавања што полициски службеници ќе ги реализираат во Основното училиште „Христо Узунов“.

Основна цел е подигнување на свеста кај децата за опасностите од пороците (цигари,алкохол и дрога) по нивното здравје но и по општата безбедност во заедницата. Проектот ќе биде реализиран и во општината Дебарца.