Ученици од Основното учулиште „Григор Прличев“ Охрид, на општинските натпревари по македонски и англиски јазик, одржани на 25-ти март, како и општинскиот натпревар по биологија, одржан на 5ти март постигнаа одлични резултати.
На Регионалниот натпревар по македонски јазик ученичката Теа Тасеска IX 5 го освои II место, под менторство на наставничата Славица Димитровска. Ученичката Мартина Ѓоршеска IX 6 (Подрачно училиште Нас. Рача) го освои III место, под менторство на наставникот Кире Стојаноски.
На Општинскиот натпревар по англиски јазик ученичката Теодора Љаткоска IX 5 го освои I место, под менторство на наставничката Билјана Маркоска. Ученикот Павел Спростран IX 2 го освои II место, под менторство на наставничката Билјана Маркоска. Ученичката Емилија Николовска V1 го освои III место, под менторство на наставничката Марина К. Наумова.
На Општинскиот натпревар по биологија под менторство на наставничката Зоре Ѓоршоска учениците Емилија Дуноска IX 3 го освои II место; Тања Гроздани IX 3 го освои II место; Ангела Трпческа IX 1 го освои III место; Александра Балева, Леонид Лаброски и Елена Цветаноска VIIодделение го освоија III место.
WebOhrid