Исчезна 13 годишно девојче од Кичево

На 28-ми март во 16:30 часот во Полициската Станица Кичево Ј.Б. (43) од с.Другово, кичевско, пријавила дека истиот ден нејзината тринаесетгодишна ќерка не се вратила дома од училиште.

Во 12:40 часот девојчето излегло од училиште и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.