„Случајот Хармс“ – премиера на Театар Комедија

За својот четврти роденден, а по повод Денот на театарот, Театар Комедија премиерно ја изведе претставата „Случајот Хармс“ според делата на Данил Хармс, по адаптација на Жељка Удовичиќ–Плештина од Хрватска, а во режија на Дино Мустафиќ од Босна и Херцеговина.

Претставата на која присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска е прва премиера на Театар Комедија во 2016 година со поддршка од Министерството за култура.

Станува збор за современа театарска претстава која изобилува со силна колективна актерска игра водена од самиот Хармс, толкуван од актерот Илија Илијоски. Во претставата, покрај Илијоски, учествуваат актерите Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Мими Ристов, Столе Мицов и младиот музичар Лука Ѓоргиевски.

Сценографијата е на Крсте Џидров, костимите на Благој Мицевски, дизајнот на Милчо Александров, драматург е Дарко Јан Спасов, преводот е на Венко Андоновски, а за часовите по акробатика беше задолжен Петар Стојановски.

DSC_0021