ОСУ„Св.Климент Охридски“ – член на УНЕСКО-вата мрежа „Здружени училишта“

Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид во соработка со Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија е примено во членство во мрежата на УНЕСКО „Здружени училишта“ (UNESCO Asoociated Schools Project Network) за што доби сертификат за членство од страна на Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.

Со пристапување кон оваа програма училиштето се обврза да ги промовира идеите на УНЕСКО и да ги зацврстува човековите, културните и интернационалните димензии на образованието преку иновативна настава и учење.

unesco