Изборите го одложија есктерното и ги поместија спортските турнири

Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна, но тоа не е поради изборите, неофицијално велат за „Мета“ од министерството за образование, по реакцијата на наставниците и родителите дека тоа значи и продолжување на учебната година.

„Тоа не значи дека се пролонгира учебната година, туку само се поместуваат роковите за екстерно тестирање. Во недела на 5 јуни секако дека нема тестирање “– велат неофицијално од МОН.

Како што дознава „Мета“, пак, од наставници во основни училишта поради предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, училиштата добиле нов акцискиот план за јунската сесија.Kако што нè информираа наставниците, во планот стои дека екстерното тестирање ќе почне на 9 јуни, а ќ заврши на 14 јуни, што е поместување од речиси цела недела. Само за споредба, минатата година екстерното тестирање се одржа од 2 до 10 јуни. Инаку, дознаваме дека во некои училишта директорите веќе ги известиле Советите на наставници за новите термини за екстерно тестирање.

Во дописот до кој дојде „Мета“ се гледа дека распоредот за тестирање ќе биде објавен на 2 јуни, за разлика од минатата година кога бил објавен на 28 мај.

Деветтите одделенија, според новиот план, ќе се тестираат од 9 до 13 јуни.

Со сето ова, велат наставниците, се поместува и учебната година, затоа што се пролонгираат и датумите за жалби. Целиот процес со екстерното тестирање, според измените, треба да заврши на 15 јули, кога сите резултати треба да бидат внесени во системот.

Според „Календарот за организација на учебната 2015/2016 година во основните училишта“, подготвен од Министерството за образование и наука, стои дека второто полугодие почнува на 20 јануари, а завршува на 10 јуни 2016 година, а летниот распуст почнува на 11 јуни 2016 година.

Исто така за ваквата одлука на МОН реагираат и спортските клубови, кои ова одложување значи дека и учениците нема да можат да одат на веќе закажани натпревари.

„Имаме закажано турнир во тој период во соседна држава. Тоа значи дека дел од учениците нема да можат да присуствуваат. Најверојатно ќе треба да го откажеме учеството на турнирот. Ние имаме роковник по кој работиме и знаејќи дека екстерното тестирање ќе заврши на 10 јуни, договараме термини за настапи по тој датум. Вака се ни се изместува “– вели Владо, тренер во училишен ракометен клуб.

Извор: meta.mk